|| Профил || Адвокати || Клиенти ||

 

ЈУЛИАНА СТОЈАНОВСКА-АДВОКАТ И ОСНОВАЧ

 

Јулиана Стојановска е родена во Скопје, Република Македонија, каде живее и се образува. Ги завршува студиите во декември 1998 година, на Правниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Ја започнува својата адвокатска кариера веднаш по дипломирањето, започнувајќи од јануари 1999 година, како адвокатски приправник во адвокатската канцеларија на адвокат Иван Чукиќ од Скопје. Во 2002 година, завршува специјални студии во Италија каде што го изучува правото на ЕУ за заштита на животната средина и третирање на отпадните води. Во април 2003 година, го положува правосудниот испит и се зачленува во Адвокатската комора на Република Македонија. Во јули 2003 година, ја продолжува својата кариера во адвокатската канцеларија на адвокат Лазар Чукиќ - син на Иван Чукиќ, и со него продолжува да работи во Адвокатското друштво основано од адвокатите Лазар Чукиќ и Серјожа Марков, од април 2006 година. Во ноември 2007 година, ја основа адвокатската канцеларија СТОЈАНОВСКА Адвокати, каде што продолжува да работи остварувајќи брз успех.


Јулиана Стојановска учествува на голем број семинари и курсеви каде постојано се усовршува во својата стручност, учествува на проекти, а особено значајни се:

 

Семинари:

25-26 октомври 2006 г., во организација на АВУС, на тема: Нематеријална штета;

5-7 ноември 2009 г., во организација на Здружението на правниците, на тема: Деловно право и право на сопственост и други стварни права;

22 март 2010 г., во организација на Здружението на правниците, на тема: Обезбедување на побарувања

 

Проекти:

април-јули 2005 г., во организација на СОЖМ (Сојуз на организации на жените во Македонија), како правен експерт и советник во проектот за семејно насилство;

мај 2006 г., во организација на Светскиот социјален Форум, Атина, Грција, како предавач на тема: Правата на младите жени

 

За контакт со Јулиана Стојановска,
e-mail: juliana@stojanovska-attorneys.mk