Во работењето постапуваме согласно Кодексот за професионална етика на адвокатите, од кои етички правила особено ќе ги издвоиме:

 

  1. Ние го прифаќаме Клиентот кога ќе ни се обрати, освен во случај на преоптовареност со работа, незначителни изгледи за успех на предметот или одбивање на Клиентот да ги плати адвокатските трошоци;

  2. Почитувајќи го сиромашкото право, лицето кое е неспособно да ги плати адвокатските трошоци, го прифаќаме и ги застапуваме неговите интереси про боно, во интерес на заедницата и согласно хуманоста;

  3. Ние сме верни на нашиот Клиент и воспоставуваме однос на доверба;

  4. Ние ја почитуваме професионалната тајна;

  5. Ние ги побаруваме од нашиот Клиент сите податоци и факти за предметот, како и расположивите докази, и му укажуваме дека во негов интерес е да не запознае со целосната фактичка состојба;

  6. Ние го проучуваме предметот стручно, совесно и во целина, применувајќи ги нашите пристапи, и на Клиентот искрено му го соопштуваме нашето мислење за евентуалниот исход;

  7. Во текот на постапката, а особено по превземање на дејствие или по застапување, го запознаваме Клиентот со моменталната состојба на предметот гледано од фактичката и правната страна;

  8. Доколку подолго време не биде превземено дејствие за предметот, поради доцнење на администрацијата во судовите или државните органи, а по истекот на разумното време за постапување на судовите или државните органи, ја проверуваме состојбата со предметот и бараме итност во постапувањето;

  9. Во застапувањето на Клиенотот, настапуваме енергично и без страв, во рамките на законските и етичките норми;

  10. Адвокатските услуги ги наплатуваме однапред, во паушален износ, или согласно тарифникот на адвокатите АТ, пред превземање на секое дејствие или комбинирано. Доколку сме во можност, Клиентот го известуваме за надоместот веднаш, или во рок од 2 дена, по составена пресметка за вкупните предвидени трошоци;

  11. На барање на Клиентот, го известуваме за судските и административните такси.