Нашата канцеларија е специјализирана во деловното право, заштитувајќи ги правата и застапувајќи ги интересите на домашните и странски Компании. Имаме особено искуство застапувајќи ги нашите Клиенти – Компании во арбитражни постапки и во постапки пред меѓународни избрани судови. Ние работиме на основни и сложени предмети и спорови, и водиме сметка за деловното работење на Компаниите преку превентивни правни совети.

 

Настапуваме проактивно и свесни сме за важноста од брзо дејствување и ургентно одговарање на деловните барања.


Ние целиме да им помагаме на нашите Клиенти - Компании, на повеќе начини: преку креирање на опции и стратешки планови, постигнување на реални и одржливи цели, нудиме правна помош при донесување на одлука за комерцијални цели, составуваме деловни договори, застапуваме во стопански спорови, управно судски спорови, постапки пред државните органи, и други правни лица,  учествуваме во арбитражни постапки, и постапки на меѓународни избрани судови.


Области од деловното право:

 

  1. Корпоративно право
  2. Комерцијално право
  3. Финасиско право
  4. Банкарско право и право на хартии од вредност и акции
  5. Облигационо право
  6. Договорно право
  7. Штети
  8. Стечај и ликвидација
  9. Заложно право
  10. Стварно право
  11. Обезбедување на побарувања
  12. Даночно право
  13. Авторско право
  14. Индустриска сопственост и патенти
  15. Трудово право
  16. Правото на ЕУ
  17. Меѓународни договори и конвенции
  18. Билатерални договори

 

Во нашата канцеларија се водат и голем број на индивидуални граѓански предмети, во кои застапуваме физички лица заштитувајќи ги нивните права.


Области од граѓанското право:

 

  1. Облигационо право
  2. Стварно право
  3. Наследно право
  4. Семејно право
  5. Трудово право